Етички став

Ова  мојот етички став кон известувањето и репортажите на овој блог. Тоа е повеќе отколку што повеќето од вас сакаат да знаат, но во ера на недоверба во медиумите, недоверба во луѓето, и трол менталитет кој се влече со медиумот блог, изнесувам се на виделина.

Да почнеме со основната информација за мојот професионален ангажман.* Од ноември 2011, мојот работен ангажман е во Invideous Limited, па се подоле пишано не важи. Се радувам на влезот во приватниот сектор и стартап сцената, очекувајте повеќе написи во тие области овде.

Работам како специјалист за развој на софтвер во Македонски Телеком од септември 2007. Мојата работа не учествува во делокругот на дефинирање на компаниската деловна политика, туку во ограничен дел на нејзиното спроведување – (инженерска, софтверска) поддршка на оперативните и деловните процеси. Ако дојдам во позиција да бидам раководејучи кадар, ќе ставам клуч овде а ќе се докажувам од таа говорница.

Како дел од стандардниот Колективен Договор, висината на платата е однапред утврдена и независна од перформансите на компанијата на пазарот. Меѓутоа, како дел од интерен систем за наградување, ми следува годишен бонус за перформанси на пазарот, конкретно EBITDA.

Исто така, пишувам хонорарно за ТвојКлуб некаде од 2008, магазинот кој оди секои два месеци до претплатниците на Т-Мобиле.

Согласно на тоа, затоа што било кое мое известување во рамките на македонскиот пазар може да биде интерпретирано како конфликт на интереси, во секој напис кој ќе содржи и најблага поврзаност со Македонски Телеком или неговите конкуренти, ќе биде референциран овој етички став.

Мој личен став е дека е скоро невозможно да се зборува и анализира ИТ во Македонија без да се коменира работењето и состојбата на пазарот на ИКТ секторот и МТ како дел од него. Се залагам за високи очекувања и високи критеруми во рамките на моето делување како блогер. Со други зборови – кога МТ ќе згреши, се надевам дека ќе бидам првата која ќе објави критика, и кога ќе направи нешто добро – првата која ќе напише пофалба, иако ќе се трудам да не бранувам по тие води многу, за да не се претвори овој блог во исповедаоница Великог Брата за секој што има нешто против, а јас дежурен бранач.

Важна ми е сопствената репутација и репутацијата на овој медиум и се држам со својот личен и професинален интегритет, и очекувам сите посетители, читатели и коментатори кои сметаат дека моето делување е спротивно со овој објавен став, да го искажат своето мислење. Нагласувам – сите неаргументирани, навредливи, и зајадливи забелешки веднаш ќе бидат модерирани и игнорирани, игнорирањето е пострашната казна J. После се, се обидуваме да изградиме критична и конструктивна заедница, зар не? Дополнително на се погоре искажано, ќе се придржувам до начелата на блогерската етика [1], [2], и истото ќе го очекувам од сите посетители, читатели и коментатори.

Дополнително сум обврзана на чување во тајност на службени тајни и оперативни информации во сопственост на Македонски Телеком, и со чест ќе се придржувам до тоа. Ќе чуете само она што веќе е a matter of public record.

Нагласувам дека се што ќе биде напишано на овој блог е мој личен став, наповрзан деловната политика на Македонски Телеком и групацијата Т во Македонија.

One thought on “Етички став

  1. Нема копче за лајк тука, ама ако имаше ќе го кликнев 🙂
    Ми се допаѓа ферското предупредување пред да се навлезе во понатамошна дискусија на темите што доаѓаат.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s