Консултант за бесна дневница


Во неколку последни читања на книги за претприемништво последните неколку години како BooHoo, Founders At Work, Rework и од неодамна Ahead of the Curve: Two Years at Harvard Business School се провејува една практика присутна на Запад која е сосема непостоечка во нашата мала фина балканска индустрија.

– Претприемачите додека да стигнат до ramen proftable, често се занимаваат со консултанство за да одржат ликвидност

– Студентите после дипломски или постдипломски студии најмногу понуди имаат да влезат на entry-position работа како консултанти за фирми кои се бават со оптимизација на бизнис процеси, реструктурирања и сл. Можеби е и логично како прва работа да се применуваат и согледуваат ефектите на учебникарските теоретски модели, а потоа тек да се навлезе во специјализирана работа во некоја индустрија.

Од друга страна, она што е мој впечаток за консултанство во Македонија во ИТ е дека се користи најчесто во имплементација на големи  (милионски) инвестициони проекти, најчесто консултантите се од странство, со тесно специјализирана експертиза и се скапи, а потекнуваат од ветеранска генерација на инженери кои поминале низ сито и решето во дадената проблематика.

Можеби одговорот е во големината и потребите на пазарот, не знам.

Свежа крв vs. ветеранство и учебник vs. искуство. Интересно.

Advertisements

5 thoughts on “Консултант за бесна дневница

  1. Good post. Моето искуство покажало поинаку. Консултантите со кои што ја сум се сретнал се многу неискусни и се пратени во МК да учат. Најверојатно зависи од типот на проектот и колку компанијата што ги праќа може да живее со пробчемите настанати кај клиентот, наспроти бесплатна обука за истиот.

  2. Држи, мада има и кај нас консултанти кои се добри ама (барем јас за тие што имам слушнато) не се експонираат многу си зимаат добра пара и си уживкаат. За во ИТ секторот не можам да кажам ама има во другите сектори има такви кои зимаат добра пара.

    Во однос на Учебник Вс. Искуство…иде времето на искуството ако добро го искомуницираш. Па сеа, кој колку може 🙂

  3. Пингување: Self Reference « Le Config
  4. Мислам дека никој не би платил пристојна цена за да добие совет од некој кој самошто земал диплома, ако збориме за просечен студент кој само учел тоа што му било дадено за учење на факс и не работел/учел ништо друго настрана за време на студентските денови. Единствен исклучок според мене би бил ако се работи за истражување кое е во рамки на консултантската дејност.

  5. Yes you can get hot cider and hot chocolate and sweets. “The rule for collecting antiques and collectibles is never throw anything away,” said Miracle, “but that doesn’t mean that I’m going to sell junk items that have no value or appeal to anyone. Morgan is a breed of horse very much desired by the horse community as they entertain all riding disciplines.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s