Robots.txt


Реакција на случувањата околу исклучувањето на некои медиуми од  Тиме.мк илити „Ако може да се заработува од содржина на Интернет, сакам и јас бе.  Имам веб страна, имам трошоци, некој нека ми плати МЕНЕ.“

1. Точка један. Категоризација на делото.

@mkrobot: Според законот за авторско дело http://bit.ly/yF7FD9 дневни вести, факти и медиумски информации не се сметаат за авторско дело.

2. Точка два. Штета.

Дури и да ја заменариме точка један, за било која граѓанска парница  за повреда на авторски или сродни права, треба да се докаже штета, како директна последица од дејствувањата на обвинетиот. Со среќа со тоа, кога овде се работи за носење сообраќај на матичните сајтови, на кои не постои PayWall и информациите се јавно достапни. Ова дури и јас го знам, од познавање на правото од Црна хроника.

3. Точка три. Опт аут.

Кога има лесен опт aут (robots.txt), навистина не гледам каде е проблемот. Ако немате подесено robots.txt во root на вашиот сајт, crawling е дозволен. Крај на приказната.

Мало истражување:

Заклучок: Никој  од засегнатите нема забрана за crawling на содржината.

4. Точка четири. Пари.

Се се сведува на ова. Бидете попаметни и најдете начин да генерирате бизнис од својата содржина ако е толку вредна, не пробувајте да го поткопате бизнисот на другиот со произволни и неиздржани барања и заплашувања со фактури од 5000 евра. Вложениот труд и трошок не значи дека некој нешто ви должи. Бизнис е бизнис. Бидете попаметни.

Пишаа на темата и:

It.com.mk Надополнето: Канал 5, Сител, Kурир.мк и NetPress се повлекоа од Time.mk поради комерцијални причини

Комуникации.нет  Сител и Канал 5 се само пиони во целата игра

Јована Тозија За агрегаторцките работи

Advertisements

21 thoughts on “Robots.txt

  1. Тоа што грешите – само мал дел од текстовите се опфатени со дефиницијата од Законот, и, уште поважно, иако не е авторско дело, ама некој се трудел и куцал, т.е. ете ја штетата што се бара. Не мора да е авторско дело за да има штета. На пр., ако јас го прекуцам цел Сердарот, дали ти имаш право да го земеш од мене без надокнада за куцањето?
    Што се однесува до 5.000 евра, некаде пишува дека тиме.мк им барал 3.000 евра за реклама, па мислам дека се ценкаат.
    Значи – неетички е што се објавува деловната кореспонденција, и, второ, ако нема ќар, ферски е да седне тиме.мк и да ги убеди во тоа. Намерно не пишувам имиња на сопственици и сл. – ова е деловен проблем меѓу правни субјекти. Вака излегува дека едната страна сака да го „хуманизира“ проблемот околу парите 🙂
    Конечно, навистина не е фер едната страна да заработува на грб на другите (па макар и дактилографски хонорар) и уште да се лути кога другата страна условува па дури и со луди барања.
    Колку да се знае – јас сум за сѐ да биде бесплатно, само што некако е тешко изводливо, барем додека не се врати комунизмот. Ете, тиме.мк нека се пререгистрира во ЕУ или во Либија и на сила нека ги жнее страните па ако е во право, никој ништо не му може…

  2. Штетата се однесува на: директно ја загрозил заработувачката нивна со неговата акција. Едноставно не гледам дека тоа може да е случај, кога се генерира сообраќај на матичен сајт.

    Тоа што некој се трудел и куцал, а не нашол начин да заработи од тоа, е интерен проблем.

    Точно е дека е деловен проблем меѓу два субјекти, за тоа сум и јас, нека го решат на деловен начин, а тоа е, бидете попаметни со бизнис моделот, а не со прозволните закани.

  3. алфа точка: тиме.мк агрегира нечии содржини. нечии. ако сопствениците на тие содржини не го сакаат тоа, во што е “дебатата”? макар не успеале од својот труд да направат бизнис, тоа останува нивен труд. од кога тоа бизнис моделот е битен дали можеш да располагаш со нешто свое? и пиксар не прави некој бизнис во македонија па оди кради ги.
    омега точка: тиме.мк баш и не им носи сообраќај на сајтовите од кои се храни. носи сообраќај на својот тулбар (ѕирни горе, ѕирни адреса) и после ги вергла посетителите кај себе.

    1. Нема дебата – ама има начин, се вика robots.txt. Веќе се исклучени.
      Нема потреба од закана за парична казна, особено кога нема никаква основа (правна или било која друга) за тоа.

      П.С. И кога има рамка, се брои посета и за тиме.мк и за сајтот (iframe)

  4. Ми се чини дека фокусот е погрешен. Не се парите фокус. Политиката е главна. Потезиве не се од финансиска туку од политичка побуда. И тоа значително ја менува дискусијата.

    Без намера да бидам сфатен погрешно, ич не ми е гајле за тиме.мк, во целава ситуација тиме.мк е колатерална штета на спастрување на дворот во медиумската сфера во МК. Во овој случај на интернет. Тиме.мк е мета затоа што е број еден по посетеност и боде очи, а не е под директна или индиректна контрола (зависен) од државата.

    Она што треба да не загрижува, барем мене така ми се чини е фактот дека се скратува слободата на говор во најширока смисла.

  5. Забраната да копираш нечиј текст без одобрение не влегува во слобода на говор. Ама ич. Тоа е комерцијална работа меѓу сопственикот на текстот и другите заинтересирани.

    1. Никаде не се копира текстот, каде има копиран текст? Само се зема наслов и (евентуално) слика, и потоа се линка до веста во оригиналната страница.

      Мислам дека Дарко сака да каже дека ова е прв чекор (неосновано и незаконско барање од појакиот, од тој со грб). Ако ова помине, па уште нешто, па уште нешто, слободата на говорот е следна.

      П.С. I hate bullies.

  6. Darko, uzasno lesno go potegnuvas argumentot ‘zagrozuvanje na slobodata na govor’ vo edna biznis prikazna. da slusneme, sto ‘govori’ time.mk? koja vistina/sloboda/diskurs im e uskratena na citatelite ako site informacii/sajtovi/mediumi koi izlegoa od time.mk se zivi/zdravi/dostapni na net? ne se na time.mk, so what? i kako ti kako zagrizen (bez pogresno razbiranje) bi go resil ovoj slucaj? bi im izdal dekret na imatelite na net sodrzini deka moraat da bidat tamu?

    1. реприза, копи пејст: Мислам дека Дарко сака да каже дека ова е прв чекор (неосновано и незаконско барање од појакиот, од тој со грб). Ако ова помине, па уште нешто, па уште нешто, слободата на говорот е следна.

      П.С. I hate bullies.

  7. Фала на одбраните Калина :).

    Момци, гледајте ја големата слика. Ако тиме.мк не смее да споделува содржина со линк и слика, тоа значи дека и јас на мојот блог не смеам. Тоа значи дека и јас на мојот FB приофил или страница не смеам да споделувам.

    За да не ми коментирате дека јас не прававам пари од тоа, ќе ви договар одма. ДА правам пари од тоа. Правам пари од официјална FB страница на компанија кое е таму за комуницира со своите фанови и на крај да ги оствари своите бизнис интереси. Дали смеам да споделувам таму наслов и краток извадок од текст со линк кон оригинална содржина?

    Ограничено гледате на случајов. Не е дискусијата за тиме.мк туку е многу поширока, за тоа како функционира интернетот и како оние кои не успеваат да се снајдат вонего ги повлекуваат старите врски (тоа е едната страна која вие сакате да ја зборувате – бизнис) а другата е таа со политиката.

  8. Нема простор решение. Линковите постојат од gopher наваму и секоја легислатива се бори како знае и умее. Во конкретниов случај не станува збор за инцидентно линкување. ЦЕЛИОТ БИЗНИС МОДЕЛ на тиме.мк се базира на линкањето и копирањето на наслови и поднаслови од други. Епа ако тие други не се согласуваат со тоа, фајн вит ми. Особено што веќе паднало едно ценкање (3.000 евра тиме.мк барал од курир за банер, овие сега обратно бараат 5.000).
    Значи, нема загрозување на слободата на говор. Сѐ уште не се забранети инцидентните линкови, нели? Ете ја АЦТА 🙂

      1. Епа ајде сега сопствениците на содржина да ги тужат сите корисници на delicous.com и сличните сервиси, особено оние кои потоа линковите ги прикажуваат на своите сајтов/блогови/твитер/facebook ? Може така? 🙂
        Само линкови се…

        Киро, ако јас направам анализа на податоци објавени од државен завод за статистика и во анализата имам додадена вредност, ги ставам податоците во некој контекст, сум направил пресеци на еден параметар за 10 години наназад или сл. Дали имам право да ја продавам анализата? Или бидејќи податоите се достапни до сите морам и јас да ја давам без пари?

        Никаде нама да стигнеме со паралелите… интернет си бара нови правила на игра, бара редефинирање на авторски права и бара нови етички правила.

  9. Мора од некаде да тргнеме. Дигг, ФБ, Твитер, не ги преземаат сите линкови од сите македонски медиуми, па да ставаат само рамка и да земаат пари од реклами.
    Кој е трудот на тиме.мк за да заработува врз туѓ труд? Им носи посети? Фајн, курир вика не му требаат посетите. И толку.
    За Завод за статистика – податоците ако се јавни, што сакаш прави со нив. За Службен весник – ако го прекуцаш законот, твој е. Не смееш копи пејст да му правиш од Службен весник бидејќи они го куцале.
    И пак – линковите имаат сопственик. И тој се лути ако ги користиш во толкав обем што целиот твој бизнис го базираш врз нив. Уште се правиш фраер па им бараш 3.000 евра за банер. А они сеа тебе те дупат – штом твојот банер врз моите линкови вреди 3.000 евра, моите линкови мора да се уште повредни. Ете 5.000 евра.
    Добро технички изведен сајт (нон-стоп го користам) не значи и добар бизнис модел. А со слободата на говор нема врска. Бизнис е. Нека седнат и нека преговараат па да видиме. Може ќе се договорат за компензација – два банери за линковите… Или не знам више како.

  10. All Of This Has Happened Before And Will Happen Again.

    Истите овие глупости се случуваа пред сто години на другата страна на интернетов. Тајм.мк ќе се промени, ќе пропадне, ќе победи, сеедно. Ништо спектакуларно нема да се деси. Она шо си ја акате главата за туѓи пет, или незнам колку илјади, тоа ме плаши. Па уше некакви приказни за (политички) напад на слободниот интернет. А од политика сигурен сум дека не се разбирате.

    Единствено може да ви биде добар јуз кејс, да си повторите тоа шо сте го читале како некаква историја на интернетот во живо.

    Среќно!

  11. Kalina povtorno potegnuva ‘neosnovano i nezakonsko baranje’. Samo zatoa sto e toa zgodna formulacija za da ja preneseme prikaznava vo sferata na graganskite prava? Ako begame od osnovnata poenta vo nekoi ‘sta bi bi bilo’ situacii, togas ajde da vidime, ‘sta bi bilo’ ako vasata (kalina, darko) argumentacija pobedi: bidejkji nikoj nema pravo vo nikakov obem da raspolaga so svojot trud, se nosi ukaz po koj site web sodrzini na makedonski jazik MORA da mu bidat dostapni na bukvar i toj da raspolaga so niv kako mu e kjeif. ubavo mirisa slobodata?

  12. Секако дека се работи за политика. Но не се работи за ограничување на слобода на говорот. Тајм мк може да говори што сака. Никој не му забранил. Политиката е во тоа што Тајм мк е партиски гласник на СДСМ. Тука е проблемот. Тоа што 90 % од времето на Тајм мк на ударните позиции се наоѓаат линкови до Скај и до Плус инфо не е случајно. Па не сме мали деца. По кој критериум се овие два сајта, плус Утрински и Телма на ударните позиции на Тајм мк? По релевантност на сајтовите или според нивната посетеност? Па Сител е меѓу првите 10 во Македонија според посетеност, а Скај е одвај меѓу првите 100. Зошто мојот блог на пример кој е 2234 сајт во Македонија по посетеност, не е на Тајм мк? И …зошто се форсираат Скај или Плус Инфо, а не Сител? Едноставен е одговорот. За да се изврши политичко влијание врз обичните корисници и читатели, а во интерес на опозицијата. Е сега нормално е дека Сител, Канал 5 и Курир го знаат тоа и едноставно не сакаат да му дадат легитимитет на Тајм мк. Парите се спореден проблем во случајов. Едноставно е..сега фановите на опозицијата ќе си го посетуваат Тајм мк, а другите ќе си се информираат директно на сајтовите на овие медиуми. Да беше Тајм мк коректен, уште ќе ги имаше сите релевантни медиуми кај себе. Кротко јаре од две кози цица…вели народната. Во секој случај ова нема врска со слобода на говор. Што…власта преку “свои” медиуми кои ги повлекува од агрегаторот сака да ја ограничи слободата на говорот? Чија слобода…својата? Информациите битни за Владата нема да стигнат до гласачите. Значи Владата си пука во своја нога?

  13. Значи вака, во светот на Интернетот постои една работа што се вика robots.txt. Ако таму пишеш кои работи не сакаш да ти ги кролаат нема да ти ги кролаат и крај на приказната. Ниту еден од сајтовиве што се бунат немаат дефиниран robots.txt ко што треба! Башка тие информации им се на RSS feed кој што исто така е јавно достапен. time.mk само ги агрегира вестите по сличност и линка до оригиналната страна (Ако не се гледа URL-то, линкот постои).
    Инаку политички гледано ВМРО направи кардинална грешка со тоа што ги повлече своите медиуми од time.mk кој што е најпосетуван сајт во Македонија. Со тоа што ги нема црвените во агрегаторот, time.mk автоматски станува плаво обоен и ги пренесува само вестите гледани пореку неутрални очила или пак преку очила со опозициски стакла.
    Мислам дека целава оваа приказна има позадина односно дека се прави обид вештачки да се исфорсира нов агрегатор за сметка на постоечките. Дали тоа ќе успее или не времето ќе покаже, ама едно знам: Човекот е суштество водено пред се од навики и истите тешко ги менува па така time.mk уште долго време ќе биде најпосетуваниот сајт во Македонија

  14. Многу работи би се смениле кога Игор Трајковски (TIME.mk) ќе објасни како се стигнува до Топ теми на денот, кои се критериумите. Дали тоа зависи од Alexa ранкот, дали зависи од PR на страницата, дали зависи од тоа кој прв ја објавил веста… има еден куп критериуми кои според мене ако биле навреме објавени ќе ја спречеле ситуацијава.

    ПС: Ако една слична/иста вест е пренесувана/копирана од повеќе медиуми односно истата информација може да ја добиеме од 5 сајта на тиме.мк нема да се забележат никакви промени во посетите. Посетителот доаѓа по информација, ја добива и си оди. Тоа би се случило во некоја друга земја, кај нас не верувам…

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s