Резонанца


Овие денови, тема на разговор се некои навистина важни нешта.

Искажани се пораки кои имаат голема резонанца.

Во еден момент, забележав дека преку 30тина мои пријатели на Фејсбук ја споделиле колумната на Катерина Блажевска.

Родители и деца
колумна на Катерина Блажевска

Преку API-то на Фејсбук, може да се добие апсолутната бројка на споделувања на одреден линк.

http://graph.facebook.com/?id=http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9FF9F08AD5990A41A2588EF8C31AF757

Некои пораки едноставно имаат резонанца.

Advertisements

#srcejp


Не верувам во празни фрази,  не сакам конвенционалности и верувам во лична одговорност.

Настанот “Срце за Јапонија” ми се допадна, па решив дека можам да им пружам повеќе од платонска и рамо-тапшечка помош.

Јас, Ива и Тино направивме мала акција на потсетување и поддршка http://srcezajaponija.tumblr.com/.

 

П.С. И сакам QR кодови.

Повелете, споделете и вие. #srcejp

Репринт по повод подкаст на македонски јазик за комуникации


Овој текст е мојот прв текст пишуван за хонорар, за списанието Ентер во мај 2005.

По повод првиот подкаст на Комуникации, репринт!

Почеток на крајот ФМ радио

Не, не, не зборувам за шпанската серија, не се секирајте! Зборувам за префрлање на радиото во дигиталната ера, збoрувам за радио во mp3 формат зачуван во меморијата на вашиот  плеер.

Сите ние имаме колекции на албуми на омилените бендови, како и дискови купени заради една песна што со задоволство ги преслушуваме одново и одново, секогаш екстатични и уверени дека токму тоа е, ете, најдобрата музика на светот.

Меѓутоа, радиото отсекогаш било многу повеќе од слушање и обожување музика. Како прво, на радио првпат ќе го слушнете она што ќе ви стане омилена песна. Освен тоа, има нешто во радиото што го разликува од штанцаната, студена студиска снимка: луѓето што таму нешто зборуваат со ведар глас, нивната заложба да ве распложат, насмеат и да „ви ја погодат“ песната.

За да не си го изгубам патот, ќе почнам од она што звучно се нарекува:

Почеток на ФМ радио

Веќе знаеме дека радио брановите се врзуваат со развојот на многу голем опсег на денешната технологија: телевизија, мобилни телефони, безжичен Интернет… Во нивната најопшта дефиниција, тие се бранови со најголема бранова должина во електромагнетниот спектар. ФМ (фреквентно модулирани) радио бранови се радио бранови кои завземмат одредена секвенца во електромагнетниот спектар – 88 мегахерци до 108 мегахерци.

Откривањето на радио емитирањето е резултат на појавата на телеграфот и телефонот. Во 1860тите, Џејмс Клерк Максвел, шкотски физичар, првпат го употребил терминот „радио бран“ , а во 1865 германскиот физичар Хајнрих Рудолф Херц демонстрирал дека моментни варијации на електрична струја можат да бидат емитирани во просторот како радио бранови, кои би имале слични својсва со топлотните и светлосни бранови.

Меѓутоа, најголем допринос за усовршување на радио емитувањето има италијанецот Гуљермо Маркони, кој во 1899г. го испратил првиот безжичен сигнал преку Англискиот канал, а две години подоцна добил и одговор кој патувал од Англија до Њуфаундленд. Најголемиот технички развој радиото го доживеало за време на двете светски војни, за пренос на тактички информации меѓу единици на голема раздалеченост.

Но, вистинска слава и забавна примена добило радиото кога не припаѓало во рацете на професиналците. Уште во 1920тите, се појавиле ентузијасти кои со домашно направени емитери емитувале редовна програма за ограничен број на слушатели. Најголемиот пробив на забавната програма на радио брановите и го должиме на компанијата Филипс, која прва излегла со комерцијален радио-приемник  – набрзо најпродаван производ во Америка.

Не треба ни да продолжам понатаму, сведоци сме до каде стигна радио емитувањето на ФМ скалата. Радио-драмите и информативните програми се комплетно истиснати од музички програми од секаков вид. Андергроунд, хард-кор, рок, поп – што и да преферирате, ќе најдете со завртување на скалата.

И бидејќи, на некој начин, радиото и стана потчинето на музиката, следниот чекор е сосема логичен. Радио во mp3 формат.

Podcasting Vs. Broadcasting

Дигитализацијата на музиката донесе еден куп електронски формати, меѓу кои најпопуларен е mp3, поради високата компресија на звучниот запис. Секако, новите формати повлекуваат нови плеери – првин беа дискмени кои поддржуваат mp3, сега се мп3 плеери неколку пати помали од компакт диск.

Појавата на mp3 плеери кажува дека mp3 форматот ќе се наметне над сите други, исфрлајќи ги останатите со голем замав.

Podcasting е кованица со два корени – pod  (познатиот плеер iPod на Apple) и casting – (емитување). Буквално, тоа значи емитување на вашиот mp3 плеер.

Сличнo како што терминот вокмен е излезен од портабилниот касетофон модел Sony Walkman кој стана стандард во серијата  портабилни касетофони,  така pod на Apple стана лексички еквивалент на mp3 плеер.

Таткото на podcasting се вика Адам Кари, инаку долгогодишен водител на MTV, кој откако се заситил од телевизиската мрежа, во 1994г. си ги спакувал куферите од MTV и отворил компанија за интернет маркетинг услуги. Неговата компанија е автор на апликацијата наречена iPodder, која ја користи блогерската алатка RSS за автоматски download на радио-емисии на вашиот мп3 плеер.

Идејата почнала како изнајдување начин Кари да стави видео-клипови на неговиот блог, но потоа неговиот пријател Дејв Винер (автор на  RSS) го убедил дека всушност луѓето сакаат „да го земат Интернетот со себе и да го слушаат на слушалки“.  Слично на автоматскиот update на вашиот анти-вирус, оваа апликација автоматски ги stream-ува и/или снима вашите омилени радио емисии. Многу згодно затоа што знаеме како сите омилени емисии се баш кога сме на школо/факултет/работа. Освен тоа, водителот не е ограничен со студио или статична опрема. Напротив, се што е потебно е појак преносен компјутер и микрофон. Звукот оди преку звучен процесор со FireWire.

Емисијата на Адам, The Daily Source Code, е првиот podcast, кој требал и да ја демонстрира операбилноста на софтверот – iPodder. Оттогаш, преку 450 000 преземања на софтверот се регистрирани преку официјалната web-страна на компанијата. Освен тоа, бројот на  podcast емитувања се зголемил на 2000 за неколку месеци. Секако, цела една заедница на слушатели и водители е формирана во меѓувреме – заедница во која Кари е еден вид на икона. Неговата емисија сеуште се наоѓа во топ 10 најпреземани емисии, а секогаш кога тој „во етер“ ќе спомене или препорача podcast, преземањата за тој podcast истиот ден се удвојуваат.  Најдобриот дел на оваа приказна – iPodder е бесплатна алатка, и се наоѓа на CD-то приготвено за вас од Ентер.

Уживајте во вашите омилени podcast – ови, направете си програма за download на она што може да го пропуштите, слушалките на глава и кeep on rockin’!

Пријатно лето!

Консултант за бесна дневница


Во неколку последни читања на книги за претприемништво последните неколку години како BooHoo, Founders At Work, Rework и од неодамна Ahead of the Curve: Two Years at Harvard Business School се провејува една практика присутна на Запад која е сосема непостоечка во нашата мала фина балканска индустрија.

– Претприемачите додека да стигнат до ramen proftable, често се занимаваат со консултанство за да одржат ликвидност

– Студентите после дипломски или постдипломски студии најмногу понуди имаат да влезат на entry-position работа како консултанти за фирми кои се бават со оптимизација на бизнис процеси, реструктурирања и сл. Можеби е и логично како прва работа да се применуваат и согледуваат ефектите на учебникарските теоретски модели, а потоа тек да се навлезе во специјализирана работа во некоја индустрија.

Од друга страна, она што е мој впечаток за консултанство во Македонија во ИТ е дека се користи најчесто во имплементација на големи  (милионски) инвестициони проекти, најчесто консултантите се од странство, со тесно специјализирана експертиза и се скапи, а потекнуваат од ветеранска генерација на инженери кои поминале низ сито и решето во дадената проблематика.

Можеби одговорот е во големината и потребите на пазарот, не знам.

Свежа крв vs. ветеранство и учебник vs. искуство. Интересно.